Во прв ред

Ексклузивно: Кои се скромните барања на “Ван Гог” пред големиот концерт во Крива Паланка

Тие пред само неколку дена имаа свој солистички концерт во Охрид во рамките на “Охридско лето”, но очигледно е дека публиката се повеќе и повеќе е желна за добра рок музика. И оваа година на традиционалното, овој пат трето издание на музичкиот настан “Joy Fest”, ќе настапат токму тие, балканската позната рок група “Ван Гог”. Но дали и тие како и сите останати светки рок групи имаат посебни барања? Што пишуваше во листата на желби?

Пет двокреветни соби во хотел со минимум четири ѕвезди, два оброка дневно, но да не бидат брза храна и дваесет лименки зад сцената се само дел од скромните барања на популарните “Ван Гог” за својот прв концерт во Крива Паланка кој што е закажан за 20-ти август.

Но освен “Ван Гог”, на третиот “Joy Fest” ќе настапат и македонскиот поп-рок бенд “Ареа”, како и DJ Гоце САФ. Доколку сакате целовечерна одлична рокенрол забава ова е вистинскиот настан за Вас.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: