Во прв ред

Концерт на Културно уметнички работници на 25-ти мај

На 25-ти мај сабота, во Младинскиот Културен Центар ќе се одржи концерт по повод 25 годишнината од активната работа на рок групата Културно Уметнички Работници. Јубилејот ќе биде одбележан и со публикување на новата плоча со наслов „25 МАЈ“, која што всушност претставува концертен албум со „бест оф“ материјал на бендот, снимен во живо на 25.05.2021 година во Киното Фросина во МКЦ.

Тон-снимател на албумот е Ненад Трифуновски Трипе, миксот и мастерингот се на Дени Крстев од студиото „1060“, а издавачи се „Корпус Деликти Рекордс“ и „Кичма Рекордс“.

Kонцертот се реализира со поддршка на Министерството за култура.

Во својата 25 годишна кариера, „Работниците“ имаат објавено 6 студиски албуми, 1 анплагд албум, а концертниот албум „25 МАЈ“ ќе биде нивно прво издание објавено и на плоча. Покрај тоа сите изданија на бендот се дигитално објавени и може да се превземат од платформата Бендкамп, а може да се преслушуваат и на сите останати стриминг платформи. На концертот „Работниците“ ќе се претстават со двочасовен сет и репертоар од сите нивни изданија.

Можеби ќе ве интересира: