Во прв ред

Концерт на Македонска филхармонија и „Архангел“ во Градски парк

На 26-ти јули (понеделник) се најавува новото издание на „Филхармонија на отворено“ во Градскиот парк во Скопје.

Во рамки на овој уникатен проект ќе биде изведена музиката на култниот македонски бенд „Архангел“ во автентична оркестрација на Џијан Емин, кој воедно е и диригентот на концертот. Ова е ретка можност да се чујат безвременските песни на еден од најзначајните македонски бендови во изведба на Македонската филхармонија и фронтменот на „Архангел“ – Ристо Вртев.

Влезот е слободен, а почетокот е најавен во 21 часот. Концертот традиционално се реализира во соработка со Град Скопје.

Можеби ќе ве интересира: