Концерт за паметење: „Дивље јагоде“ ја кренаа Битола на нозе

Вчера вечер на битолско Ракометно се случи веројатно најдобриот рок концерт ова лето во Битола. Култниот хард рок состав „Дивље јагоде“, предводен од Зеле Липовача приреди вистински спектакл кој долго ќе се памети.

Атмосферата пред концертот ја загреваа  охриѓаните „French olives“ а вистинската забава почна со големиот хит „Мотори“. Следните речиси два часа, вокалите Ливио Берак и Тони Јанковиќ ги отпеаа добро познатите: „Једина моја“, „Криво је море“, „Аутостоп“, „Дивље јагоде“, „Кап по кап“, „Марија“, но и нумери од последниот албум „Jukebox“. Иако албумот беше промовиран во февруари 2020 година и поради пандемијата не беше изведуван на концерти, верните обожаватели добро ги знаеа сите песни од сет листата. На задоволство на бендот, бројната публика беше од неколку градови и од сите генерации, од 7 од 77 години.

Покрај сегашниот вокал Ливио Берак, дел од песните ги отпеа Тони Јанковиќ, првиот вокал на „Дивље јагоде“ од 1977 до 1982 година. Тони беше специјален гостин на бендот на нивниот последен албум „Jukebox“ и од тогаш повторно настапува со својот стар бенд. Фронтменот Зеле, вокалите Ливио и Тони заедно со Емил Крањиќ на тапани, Испан Андраш на бас-гитара, Дамјан Деуриќ на клавијатури и придружниот вокал Теодора Влаховиќ со својата маестрална изведба уште еднаш потврдија дека „Дивље јагоде“ и покрај бројните промени во составот сепак е еден од најдобрите рок бендови на нашите простори.

За незаборавната рок вечер покрај „Дивље јагоде“, посебно е заслужен тимот на Сцена продукција. Тие и овој пат беа на висина на задачата и на битолчани и публиката од регионот им овозможија ексклузивна можност после долги години да ги чујат во живо познатите хитови.

 

Филип Етмишовски
Фото: 2S Studio / Стојан Стојановски

 

 

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com