Во прв ред

Kонцертна промоција на албумот на младата група “Lincoln Letter” во МКЦ (Фото+Видео)

Ви најавуваме концертната промоција на албумот насловен “Bedtime Stories” на младата група Lincoln Letter. Концертот ќе се одржи на 29-ти декември (недела) со почеток во 20 часот во Денсинг салата во МКЦ. Влезот е слободен за сите посетители.

“Lincoln Letter” се млад рок бенд од Скопје кој неодамна го издаде својот прв албум насловен “Bedtime Stories”. Нивната музика е инспирирана од музиката на вестерн филмовите и е отсвирена во современ рок формат. Албумот содржи 12 песни – секоја од нив со посебна вестерн приказна. Снимен е во 2019 година во Скопје и Куманово, а продуценти се Ади Имери, Милош Краљевски и самиот бенд.

“Ќе излажеме ако кажеме дека не сме возбудени пред нашиот прв самостоен концерт. Промоцијата на албумот е настан кој уште од почетокот на бендот ни бил една од главните цели и радости. “Bedtime Stories” е нашиот прв албум и со нетрпение чекаме конечно да го споделиме со публиката и да ги чуеме нивните реакции, бидејќи до последен момент го работевме со сите наши креативни потенцијали. Ветуваме дека ќе е многу гласно”, вели фронтменот Јаков Наумоски.

“The man who became legend“, е нивниот прв сингл и спот – сниман како вестерн филм, чија промоција беше на 29-ти ноември во рамки на “Skopje Design Week”. По точно еден месец следува првата можност да се слушне целиот албум во живо во Денсинг салата на МКЦ, а после концертот ќе бидат достапни и бесплатни download кодови за албумот.

Со силен фокус на раскажување приказни и решителност да “изрокаат”, “Lincoln Letter” се: Јаков Наумоски, Јулијан Мицевски, Борјан Гаговски и Стефан Сајковски.

Можеби ќе ве интересира: