Во прв ред

Концертниот спектакл заврши со македонска песна

Во саботата во Скопје се одржа долго најавуваниот музички спектакал, концерт кој што долго ќе се памети и настан за кој уште долго време ќе се зборува и раскажува од оние кои ја имаа таа привилегија да бидат дел и во живо да ги слушнат одличните Хари Мата Хари, Весна Змијанац и Харис Џиновиќ. Ретко кога спортската арена “Борис Трајковски” била докрај исполнета во исчекување на вака големи музички ѕвезди.

“Добровечер Македонија! Одамна не сме се виделе, време е за лумперајка!”, рече Хари Мата Хари на самиот почеток од концертот, а веднаш потоа започна со изведба на своите најголеми хитови. Веднаш по него, на сцената се појави одличната мегапопуларна Весна Змијанац која како и секогаш, така и овој пат, по неколку децении појавување пред македонската публика, направи вистнска адмосфера со нејзините најпознати и најголеми хитови “Мало по мало”, “Казни ме казни”, “Кад замиришу јорговани” песна која што познатата Змијанац ја отпеа со публиката, “Кунем ти се животом”, “Не куните црне очи”, “Невера моја”… и уште многу други познати песни кои таа ги отпеа пред македонската публика, која пак уживаше во нејзините хитови. Разиграна адмосфера, играње оро, забава… беше само дел од овој концерт кој што по настапот на познатата српска фолк пејачка Змијанац, на сцената се појави и Харис Џиновиќ кој дополнително ја загреа адмосферата и расположението.

“Многу сум среќен што гледам толку насмеани лица. Време е за пеење и танцување. Ајде да се расположиме”, рече тој додека во позадина се слушаше мелодијата од “Рано је за тугу”. Џиновиќ, кој последен настапи на големиот музички спектакл, ги отпеа речиси сите свои хитови и песни кои македонската публика на неколку наврати во минатото имаше можност да ги слушне во живо.

И сосема непланирано, како што и изјавија и самите пејачи, на крајот од четири часовниот концерт на бината се појавија трите музички имиња кои заедно ја отпеаа нашата македонска “Јовано, Јованке”, а публиката уживајќи во тоа што го слуша на сиот глас ја пееше оваа наша позната македонска народна песна.

Се надеваме и веруваме дека и во иднина организаторите на вака големи настани и концерти, се почесто ќе огранизираат вакви или слични случувања кои не се забораваат и се прераскажуваат уште многу долго.

Подготви: Марија Поповска

Фото: Музика24

Можеби ќе ве интересира: