Концертот на “Електрични оргазам“ ќе се одржи open air на 24 јуни

Авалон Продукција продолжува со ширење позитивизам во ова време кое е непријатно за сите нас.  Како што беше најавено, мартовските концерти коишто беа одложени поради актуелната состојба со корона вирусот, ќе бидат презакажани со нови дати, а концертот на култните Електрични Оргазам ќе има и нова локација.

Славеничкиот концерт на “Електрични Оргазам” ќе се реализира на отворено и тоа на 24-ти јуни на стадионот на АРМ, еден ден пред фестивалот “Скопје Гори“ на кој ќе настапат легендарните “Placebo“.

“Електрични Оргазам“ ќе настапат на голема бина и уште поголема продукција, со роденденски репертоар кој ги опфаќа сите песни што ја одбележаа кариерата на овој супериорен бенд.
Сите оние што имаат набавено влезници, истите ќе им бидат важечки и за концертот на 24-ти јуни.

Повеќе на Музика24...