Во прв ред

Концертот на “Меморија” се дислоцира во “Борис Трајковски”

Поради најавата за невреме и исклучително лошите временски услови во Скопје, на 11-ти јуни во сабота, закажаниот концерт под отворено небо на групата “Меморија” од стадионот на АРМ во градскиот парк, се префрла во спортската сала А1 Арена – “Борис Трајковски”.

Како што велат организаторите, купените партер влезници важат, фан пит влезниците исто така, додека со веќе купените влезници за седење на трибината на стадионот на АРМ по цена од 1.200 денари, сега во салата ќе можат да влезат ДВЕ лица со ЕДНА влезница.

Од овој момент натаму остануваат уште 2.500 слободни места за седење. За сите оние што се уште не набавиле влезница, нивната цена изнесува 700 денари.

Продажните места остануваат исти, Југотон – ГТЦ 1 кат – Скопје и он-лајн на www.kupikartizase.com

Можеби ќе ве интересира: