Во прв ред

Концерт на Битолскиот дувачки оркестар со нумери од Star Wars и Rocky

На 24-ти октомври со почеток во 19:30 часот во Центар за култура – Битола, Битолскиот дувачки оркестар ќе одржи голем концерт на кои ќе се изведуваат најпознатите музички теми од најпознатите филмови во изведба на Биг Бенд.

На концертот ќе се изведуваат познатите музички теми од филмовите Star Wars, Rocky, The Blues Brothers и многу други.

Билети по цена од 300 денари можете да набавите на билетарницата во Центар за култура – Битола. Концертот е реализиран со поддршка од Министерство за култура.

Можеби ќе ве интересира: