Во прв ред

Концерт на „Индекси“ и пријателите на 28-ми октомври во Скопје

Кога во летото 1962 година, бруцошите Исмет Нуно Арнауталиќ (гитарист) и Шефко Акшамија (басист), на кои во првата инструментална постава им се придружија Слободан Бобо Мисаљевиќ (гитара), Ѓорѓе Узелац (клавијатури) и Недо Хаџиќдрумса, го основаа „Индекс“, не можеа ни да сонуваат дека ќе станат една од најголемите групи на овие простори.

Во октомври, по повод 60-тиот роденден на „Индекси“ ќе се одржат пет концерти во регионалните центри. Турнејата започнува на 23 октомври во Цанкарјев дом – Љубљана а ден подоцна на ред е „Лисински“ од Загреб. Во родниот град на „Индекси“ роденденскиот концерт ќе се одржи на 25 октомври во култниот Дом на млади. Конечно, на 27 и 28 октомври концертите се закажани во Белград во салата МТС, а во Скопје во концертната сала на Филхармонијата.

„Индекси и пријатели“, музички проект кој започна во спомен на големата група, трае веќе 12 години и во меѓувреме стана бренд. Продуцентот и креаторот на овој проект, Томислав Кашљевиќ, досега има организирано 24 концерти „Индекси и пријателите“, на кои музички ѕвезди, придружувани од членови на „Индекси“ и други музичари, ги изведуваат најголемите хитови на групата.

Да, зад нас се 24 концерти, но овој јубилеј е многу обврзувачки. Во договор со членовите на „Индекси“, Фадил Реџиќ, Ранко Рихтман и Ненo Јурин, по повод 60-годишнината од основањето ќе одржиме пет концерти во пет градови. Што се однесува до изведувачите, одиме на спој на искуство и младост. Сите ние како мали деца се радуваме на таа приказна. Самото име „Индекси“ е обврзувачко. Тоа е убава приказна, во која и јас, како и сите други, сум бескрајно среќна. – раскажува Кашљевиќ.

Кашљевиќ собра респектабилна екипа која ќе ги изведува хитовите на „Индекси“.Тоа се Бранко Ѓуриќ – Ѓуро, Дадо Топиќ, Нено Белан, Зоран Предин, Дејан Цукиќ, Нермин Пушкар, Дино Јелушиќ, Тамара Тодевска, Аида Мушановиќ-Арсиќ, Амел Ќуриќ, Фадил Реџиќ, Ранко Рихтман, Нермин Пушкар, Пецо Петеј, Мурис Варајиќ, Иван Кукиќ, Жељка Катавиќ-Пиљ и Ален Мустафиќ.

Можеби ќе ве интересира: