Во прв ред

Концертот посветен на Фреди Меркјури одложен за 30 ноември

“Поради ужасната трагедија која се случи во Република Бугарија и во која животот трагично го загубија наши сонародници, ве известуваме дека концертот “Freddie Mercury Tribute” кој требаше да се одржи утре (24.11.2021) во Македонската Филхармонија, се одложува за вторник (30.11.2021) во 20:00 часот”, соопштија од „Баги комуникации“, кои се организатори на настанот.

Билетите ќе важат за концертот. Сите што не се во можност да присуствуваат, можат да ги вратат билетите, со праќање на маил на [email protected] или на [email protected].

Баги Комуникации упатува искрено сочувство до семејствата на настраданите во големата трагедија. Нема зборови со кои може да се опише тагата за изгубените животи. На повредените им посакуваме брзо закрепнување а на семејствата на загинатите сила во овие тешки моменти.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....