Во прв ред

“Кралот на валцерот” Андре Риу доаѓа во Скопје

Светската ѕвезда, величествениот Andre Rieu за прв пат ќе гостува во живо во Македонија. Неприкосновениот крал на валцерот на 6-ти јуни ќе настапи во Арена “Борис Трајковски” во Скопје со неговиот 60-член Оркестар “Јохан Штраус”, многу солисти и фантастичниот сценски настап од актуелната светска турнеја.

Концертите на Андре Риу се огномет од емоции. На речиси 100 концерти годишно Риу гарантира совршена забава со светски познатите, романтични и мелодии полни со душа, како и со бројни изненадувања, хумор и првокласни интернационални солисти.

Концертот е во организација на македонската Пасворд продукција. Билетите ќе бидат пуштени во продажба на 23-ти јануари и ќе чинат од 3050 денари па нагоре.

Ф.Е.

Можеби ќе ве интересира: