“Културно лето Карпош 2019” од 29-ти до 31-ви август

Од 29-ти до 31-ви август ќе се одржи “Културно лето Карпош 2019”. Станува збор за традиционалната културна манифестација, која оваа година ќе се одржи на две различни локации: плоштадот “Делфина”, во Влае 2 и платото на “Млечен” (пред “Ли” кафе), во урбаната заедница “Владо Тасевски”.

Како и минатата година, и оваа, Општина Карпош одлучи да стави акцент на домашните изведувачи, на докажани музички имиња, но и на нови, млади артисти кои со својот талент и музикалност веќе ги придобиваат симпатиите на целокупната јавност. Оваа тридневна манифестација нуди програма за сите генерации, за најмладите, тинејџерите и повозрасните.

Четврток, 29-ти август на плоштадот “Делфина” ќе биде првата првата Карпошова културна вечер, на која ќе се прикаже детската претстава “Зеленковци”, која има едукативен карактер со порака за заштита на животната средина, а во изведба на “Театар комедија”.

На првиот ден, во музичкиот дел од вечерта ќе настапат и Гуру Харе, Антониа Гиговска, Мики Јовановски – Џафер и Емилија Колоска. Вториот ден од програмата исто така ќе биде на плоштадот “Делфина”, а ќе започне со пергормансот на “Петко 5+ и Фамилијата”, а ќе продолжи со настап на меѓународен хор кој ќе изведува светски хитови (од Битлси, Queens и др.). Вечерта ќе биде заокружена од страна на нашата позната музичка група Нокаут.

Третиот ден, затворањето на годинешното “Културно лето Карпош 2019” ќе биде на платото на “Млечен”. Предвидена е програма за тинејџерите, со настап на Марко Маринковиќ – Слаткар и перформанс на GP и Steffonator. Исто така, вечерта ќе настапат и Александар Митевски и Дац, а манифестацијата ќе биде затворена во поп – рок стил, со перформанс на Дани Димитровска и нејзиниот бенд.

Водител на “Културно лето Карпош 2019” ќе биде Жарко Димитровски.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.