Во прв ред

Кумановско културно лето со богата културно-забавна музичка програма на својата завршница (Фото)

Како што не информираат од Општина Куманово и Фондацијата за култура и спорт на чело со в.д. Директорот, Марио Арангеловски, кој патем е познат македонски пејач и Јутубер, наскоро во Општина Куманово ќе се случат неколку културно-забавни и музички настани кои прават збир на квалитетно Кумановско културно лето.

Кон крајот на месец август, поточно, на 24-ти август со почеток во 20 часот на Градскиот плоштад во Куманово ќе се одржи познатиот и традиционален фестивал на шегобијната песна “Тумба Фест” каде ќе се појават реномирани музички имиња, кога e фолк естрадата во прашање, а, во рамките на истиот ќе бидат промовирани 21 нови песни на Кумановскиот дијалект. Веќе следниот ден на 25-ти август со почеток во 20:30 часот на Градскиот плоштад ќе се одржи деветнаесетото издание на Меѓународниот тамбурашки фестивал, со настап на “Трио Гранде”, “Бјелопољски тамбураши” и Тамара Тодевска. На 26-ти август пак, со почеток во 20:30 часот ќе се одржи фестивалот кој особено внимание ќе привлече кај помладите. Станува збор за музичкиот фестивал “ТумбСток”. А, ѕвездите на вечерта ќе бидат Слаткаристика и 2 Бона.

Доколку сакате одлична и незаборавна опуштена забава, доколку патот ве носи во Куманово или пак сте во околината, со задоволство Ви ги препорачуваме веќе споменатите културно-музички настани дел од Кумановско културно лето.

Можеби ќе ве интересира: