На 10-ти и 11-ти август иницијативата „Го Сакам Тетово” најавува големи концерти на Ламбе Алабаковски и познатата македонска група “Next Time”. Како што дознава Музика24, концертите ќе бидат бесплатни за сите посетители и истите ќе се одржат на отворено во Жена паркот.
“Младите во Тетово се заборавени и секој ден го напуштаат нашиот град. Мора сите заедно да придонесеме за едно подобро Тетово, за еден подобар живот со подобри услови, иднина и опстанок на младите во Тетово”, истакна Станислав Бојчески од иницијативата „Го Сакам Тетово”.
Освен овие музички концерти, ова иницијатива најавува и други вакви или слични настани до крајот на летото.