Во прв ред

Лара Иванова ќе биде специјален гостин на концертите на Тамара

Младата пејачка Лара Иванова ќе биде специјален гостин на престојните концерти на Тамара Тодевска во Охрид и Битола. Како што објавивме, Тамара летово ќе одржи два солистички концерти во земјава. На 29-ти јули во Античкиот театар во Охрид со почеток во 22 часот и на 1-ви август во Античкиот театар Хераклеја со почеток во 21:30 часот.

По големиот успех на Евровизија и година и пол без нејзините најдобри забави, конечно ќе ги пееме во живо „Proud”, „Тажна љубов, среќна песна”, „1003”, во Хераклеја и Антички во Охрид.

Можеби ќе ве интересира: