Во прв ред

Легендарниот Бебек во Филхармонија на 18-ти април

Ако некому прилега преданието и зборот ,,легенда”, тоа со сигурност е Жељко Бебек. Квалитетен како порано, а актуелен и денес. Можеме да кажеме дека во 6 студиски албуми, Бебек ги испеа најубавите и најголемите песни на Бијело Дугме. А денес, како соло артист, полни арени низ регионот пеејќи ги тие песни, како и нови песни од својата соло кариера.

Задоволство ни е да ви го најавиме неговиот концерт на 18-ти април, веднаш по велигденските празници, кој за да ги опфати сите големи песни, ќе трае 2 ипол часа. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (15-ти март) во 9 часот наутро по следниве цени и категории: Партер – 1.200 денари и ВИП – 1.500 денари
Дека во среда наутро треба да бидете брзи, веќе е познато. „Ti si zadnji romantik na ovom svijetu što se sporo kreće i čeka raj“ и многу други антологиски стихови на „Бијело Дугме“ ќе бидат отпеани во Македонската Филхармонија, оригинално од легендарниот Жељко Бебек.

Можеби ќе ве интересира: