Во прв ред

Лепа Брена и Марија Шерифовиќ главни ѕвезди на “Струмица опен фестивал“

Организаторите на најголемиот фестивал во Југоисточна Македонија  “Струмица опен фестивал“ ја објавија целосната програма на овогодинешното 7-мо издание на фестивалот кој ќе се одржува од 10-ти до 19 август.

Главни ѕвезди на фестивалот ќе бидат српските мега ѕвезди  Лепа Брена и Марија Шерифовиќ, а покрај нив ќе настапат: Тамара Тодевска, Владо Јаневски, Тони Цетински, “Пата Пата Рекордингс“, “Виктори бенд“, “Афишал“, “Црвена јабука“, “Дубиоза колектив“, Саша Ковачевиќ и “Астра-ион пројект“.

Распоредот за трите завршни вечери на фестивалот е следен:
На 17 август помеѓу останатите настапуваат Тамара Тодевска, Владо Јаневски, Тони Цетински. На 18 август ѕвезди на вечерта ќе бидат Марија Шерифовиќ и Лепа Брена. Додека на последната вечер ќе настапат: “Црвена јабука“, “Дубиоза колектив“ и Саша Ковачевиќ.

Ова издание на претпознатливот фестивал ќе се одржува под мотото „Слушај го срцето“.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: