Во прв ред

Лепа Брена и Џенан Лончаревиќ ќе пеат за Денот на ослободувањето на Куманово

Балканската мега ѕвезда Лепа Брена и Џенан Лончаревиќ,  ќе настапат на прославата по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово.

Лепа Брена ќе настапи на 10 ноември, а Лончаревиќ ден претходно на 9 ноември. Програма ќе има и на 8 ноември, но се уште се преговара за изведувачите. Програмата ќе се одржува на Градскиот плоштад во Куманово.

Предгрупи на ќе бидат “Next Time“ и српскиот дувачки оркестар на Бојан Ристиќ. 

Општина Куманово и оваа година организира богата културно-уметничка програма за одбележување на годишнината од ослободувањето на градот, како и големиот јубилеј 500 години Куманово.

Можеби ќе ве интересира: