Во прв ред

Лина Пејовска ќе биде гостинка на концертите на Петар Грашо

Како што не информираат од Авалон продукција, младата и надежна пејачка Лина Пејовска ќе гостува на трите концерти на Петар Грашо во Македонска филхармонија. Таа веќе трета година активно учествува на домашната и регионална музичка сцена, а нашата јавност најдобро ја познава со нејзиното учество на “Пинкови ѕвездички”, како и на други регионални манифестации, за кои има освоено и повеќе награди.

Регионалната ѕвезда Петар Грашо ќе одржи три концерти во Скопје на 13-ти, 14-ти и 15-ти декември. Потсетуваме дека почетокот на сите три концерти на Петар Грашо е со почеток во 20 часот, додека вратите за публиката ќе бидат отворени во 19 часот.

Можеби ќе ве интересира: