Во прв ред

„Љубојна“ и пријателите на 20-ти јули со голем концерт во Битола

Еден од најреномираните македонски етно-бендови „Љубојна“, големиот јубилеј 20 години на сцената ќе го прослави онака како што најдобро знае – со концерт.

„Љубојна“ и пријателите на 20-ти јули ќе одржи концерт на Ракометното игралиште во Битола со почеток во 21 часот. Билетите за престојниот концерт се во продажба од 7-ми јули, преку продажната мрежа на www.mktickets.mk и karti.com.mk. Влезниците во промо период од 48 часа се по цена од 300 денари, а потоа истите ќе чинат по 400 денари.

Концертот е во организација на “Сцена продукција”, а со поддршка на Министерството за култура и Казино Адмирал.

Можеби ќе ве интересира: