Во прв ред

Љубојна со концерт во Хераклеа – Битола

На 1-ви август Битола ќе биде домаќин на можеби најдобрата македонска етно група Љубојна која што во античкиот театар на археолошкиот локалитет Хераклеја ќе одржи неколку часовен концерт, насловен “Шербет Љубојна”. Тие пред битолската и македонска публика заедно со светски признатиот гостин Исмаил Лумановски, ќе ги исполнат, отпеат и претстават најубавите македонски песни.

Почетокот на концертот е закажан за 21 часот, а истиот се одржува во сколоб на фестивалот “Илинденски денови” чие затварање ќе се случи токму со овој концерт.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: