Во прв ред

“Љубојна” Ве канат на концерт во Универзалната сала

На 20-ти декември, во 20:30 часот, во Универзалната сала во Скопје, етно групата “Љубојна” ќе одржи концерт насловен “Љубојна – музика на дланка”. На концертот ќе има музика од нивниот последен албум “Незгаснати огништа”, како и хитови од нивните претходни албуми. Специјален гостин на концертот е џез музичарот и пијанист Васил Хаџиманов. Влезниците се во продажба преку продажната мрежа на Купи карти за се и билетарницата на Универзална сала по цена од 350 денари.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: