“Љубојна” ве кани на голем концерт заедно со Македонската филхармонија (Фото)

Како што неодамна објавија на социјалните мрежи, нашиот познат и оргинално-извонреден македонски бенд “Љубојна” на 1-ви февруари заедно со Македонската филхармонија под дирегентска палка на Џијан Емин, ќе одржат голем концерт во Македонската филхармонија. Концерт за кој веруваме долго ќе се зборува и прераскажува, концерт кој емотивно ќе ги допре сите оние кои со почеток од 20 часот ќе бидат дел од тоа големо и привилегирано концертно издание на “Љубојна”.“Ексклузивно и единствено музичко доживување со “Љубојна” и Македонската филхармонија исполнето со многу нова музика аранжирана и оркестрирана под палката на врвниот Џијан Емин! 01.02.2019 во 20:00h, Македонска филхармонија. Во исчекување на ново концертно дружење со вас…”, напишаа на социјалните мрежи.

Билетите се веќе пуштени во продажба и истите може да ги набавите преку: jugoton.mk, а цената на истите е 800 денари до денот на одржувањето на концертот и 1.000 денари на самиот ден на одржување на концертот.

Не чекајте да ви раскажуваат, бидете дел од она што никако не се пропушта.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.