Во прв ред

Луда журка на сетот на DJ Vasile (Фото)

Кој не бил во Штип за време на “Пастрмалијада” и “Макфест” ништо не видел и ништо не знае, а пак оние што не го посетиле Angels Cafe не знаат што е рај. Забавите организирани во изминатиот викенд дефинитивно беа со најголема посетеност. Толку голема што и местото беше мало за сите да не собере. За влез се чекаше и молеше пред врата.

Сет на DJ Vasile во Angels Cafe - ШтипЗаслужни  за лудата забава секако беа сите наведени во програмата, оние што ги натераа ангелите да ги рашират крилјата и да полетаат  во  звуците на убавата и разновидна музика. Овој пат нема сите да ги прозиваме, овој пат вниманието ќе го задржиме на саботата или поточно на самиот влез на неделата во 1 часот. Веќе погодувате, станува збор за  DJ Vasile. Неговиот сет ни беше прекраток, сакавме уште! Го оценуваме ко на факултет, со чиста десетка 🙂

Angels Cafe забаваПодготви: Сања Неткова

Можеби ќе ве интересира: