Во прв ред

Маестралната Мирјана Карановиќ како контроверзната Марлен Дитрих во претставата на Сараевскиот народен театар кој гостува во Скопје (Фото)

Како што не известуваат нашите пријатели и соработници од Авалон продукција, на 3-ти март, во Македонска филхармонија, ќе имаме можнот да ја гледаме сигурно една од најголемите југословенски глумици, Мирјана Карановиќ во улога на контроверзната германска ,,femme fatale”,  холивудската глумица, пејачка и активистка,  Марлен Дитрих.

Во режија на Харис Пасовиќ, еден од највлијателните драматурзи и режисери во Југоисточна Европа, претставата „Marlene Dietrich – Pet tačaka optužnice“ ја имаше својата меѓународна премиера на италијанскиот фестивал ,,Mittelfest”, а на 3-ти март ќе одржи ексклузивна премиера во Македонска филхармонија.

,,Уметноста не може да биде удобна и сигурна. Ако си уметник, мораш да се изложуваш, да одиш подалеку од другите” – Марлен Дитрих беше таков уметник”. А, таква е и оваа претстава. Влезниците ќе бидат во продажба од понеделник (5-ти февруари) во 9 часот наутро онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од: 1.500 денари и ВИП влезници по цена од 2.000 денари

Можеби ќе ве интересира: