Во прв ред

Маестро Андре Риу повторно во Скопје

Андре Риу, холандскиот крал на валцерот и човекот кој овозможи класичната музика да е достапна за сите, заедно со својот оркестар “Јохан Штраус”, на 27-ми ноември повторно ќе настапи во Скопје во С.Ц. “Борис Трајковски” како дел од својата светска турнеја, најави “Пасворд” продукција.

“Јас и мојот оркестар сме многу радосни за повторното гостување во Скопје во склоп на нашата светска турнеја”, вели Андре Риу.

“Концертот во 2019 беше навистина емотивен и незаборавен, а прекрасната публика не пречека со огромен ентузијазам. Со нашето враќање во ноември ја прославуваме љубовта, животот и секако, музиката”, додава тој. Андре Риу верува дека класичната музика е создадена за сечие уживање, па преку својата умешност, на забавен начин, ја приближува до сите возрасти. Токму поради таа причина, Андре е еден од најдобрите изведувачи на нашето време.

Неговите настапи се многу повеќе од само музика – раскошни фустани, романтични светла и пространи платна зад оркестарот, заедно со бројни интернационални солисти и сето тоа зачинето со добар хумор. Таму е дозволено да се смее, плаче, игра, танцува… перфектен спој за одлична забава.

Билетите ќе бидат достапни во продажба од среда, 11-ти март, од 10 часот .

Можеби ќе ве интересира: