Во прв ред

Маестро Симон Трпчески посвети целовечерен концерт на македонците во Грција (Фото)

Маестро Симон Трпчески деновиве настапи на гала концерт заедно со Националниот оркестар на Узбекистан во главниот град Ташкент. Концертот тој им го посвети на македонците кои што во текот на граѓанската војна во Грција (1946-1949) беа присилени да ги напуштат своите домови во Грција и морале да заминат во егзил во далечниот Узбекистан.

“По огромното искуство на концертот со националниот оркестар на узбекистан и маестро Тигран Шиганијан, како и по средбите со професори и студенти на концерот и на мастерклас во конзерваториумот бев поздравен со “претседателски” чапан (традиционална узбекистанска наметка) на сцена и така се вратив назад дома во вечната Македонија”, пишува Трпчески во својот пост во врска со посетата на Ташкент.

“Го посветив мојот настап на Македонците кои беа присилени да ги напуштат своите домови и беа испратени далеку во Узбекистан… семејства кои се соочија со животни трагедии… вклучително и мојот учител Никола Влахов… сите топло дочекани од гостопримливиот народ на Узбекистан”, напиша Трпчески во врска со настапот во далечниот Узбекистан каде голем број Македонци од Егејска Македонија најдоа прибежиште од граѓанската војна во Грција. Маестро Трпчески во Ташкент како и секаде каде што настапува е најавуван како македонец од Македонија.

Можеби ќе ве интересира: