Во прв ред

Маид се расплака на сцената на “X Factor Adria”

“Се чувстувам прекрасно, бидејќи сите фанови од сите натпреварувачи ми ракоплаескаат и се и мои фанови. Јас не дојдов да се натпреварувам, туку да се забавувам”, изјави Маид на сцената пред да ја напушти. Тој отпеа совршена балада од Здравко Чолиќ, а веднаш потоа доби одлични и позитивни коментари за неговата изведба. Тој дури и се расплака, а на тоа Кристина Ковач му рече дека не треба да плаче, туку едноставно да се радува.

Кики пак, му кажа дека тој е одличен наследник на Здравко Чолиќ, а Емина со задоволство изјави дека без размислување би отишла кај него на концерт и дека дебело би платила за да го слуша до крај. Жељко Јоксимовиќ како негов ментор на крајот му кажа дека оваа изведба беше совршена и го замоли никогаш повеќе да не ја пее оваа песна од Здравко, затоа што никогаш повеќе нема да биде како овој пат.

По изведбата на Тамара, веројатно и блокот на реклами, ќе следува првиот дел на броење на гласовите и напуштање на ова шоу на дел од финалистите.

За Музика24 од Белград: Елена Ивановска

Можеби ќе ве интересира: