Македонската оперска дива Весна Гиновска Илкова со голем јубилеен концерт на 18-ти март

Како што дознава музичкиот портал Музика24, познатата македонска оперска дива Весна Гиновска Илкова на 18-ти март со почеток во 20 часот, во големата сала на Македонската филхармонија, ќе го оддржи својот голем јубилеен концерт. На јубилејниот концерт по повод 25 години артистичка кариера на Весна Гиновска Илкова, свое учество ќе земат и нејзините пријатели и соработници Влатко Стефановски, Бисера Чадловска, Љупчо Мирковски, Ивана Здравкова, Никола Стојчевски, Бобан Мирковски и Жарко Димоски.

Билетите за концертот ќе бидат наскоро пуштени он-лајн и на сите продажни места на kupikartizase. Концертот е поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија, како генерален спонзор се јавува Комерцијална Банка АД – Скопје, а спонзор на концертот е НЛБ Тутунска Банка.

Повеќе на Музика24...