Македонскиот јутубер GP започна со серијалот “Карпул караоке” (Видео)

После хит песната со Стефонатор “Baby next time” која што на некој начин го одбележа летото кое е веќе зад нас, познатиот македонски јутубер GP освен снимајќи влогови и видеа за неговиот YouTube канал, од денеска започна со новиот серијал на видеа со познати македонски јавни личности, или поточно, сите оние кој на овој или оној начин ги познаваме од малите тв екрани.

Иако ова е веќе видено и познати светски водители тоа веќе го прават, во Македонија прв со ова идеја што е навистина многу интересно и чудно, го стартува токму младиот и веќе докажан јутубер GP.

Тој во најновата епизода на “Карпул караоке” се дружи и се вози низ Скопје со познатите хип-хоп артисти 2 Бона, кои за многу брзо време станаа познати и страшно популарни како во Македонија, така и надвор од неа. Низ разговорот со нив ќе дознаете за тоа каде се настапувале или ќе настапуваат, од каде сета таа мотивација и енергија за пишување такви текстови, кој им е идолот… и многу повеќе.

Меѓудругото 2 Бона ветија дека од 12-ти декември кога е најавен нивниот концерт во арената А1, заедно со GP ќе го стартуваат нивниот прв влог. Дали е тоа најава дека тие ќе станат јутубери освен познати хип-хоп артисти… останува да видиме.

Но да не должиме повеќе, погледнете ја најновата епизода на “Карпул караоке” со GP и неговите интересни гости 2 Бона.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.