Во прв ред

„Марлена“ доаѓа во Битола на 3-ти март (Фото)

Како што не информираат од Авалон продукција, покрај претставата во Скопје, претставата „Марлена“ на Сараевскиот народен театар, на лично барање на една од најголемите југословенски глумици, Мирјана Карановиќ, премиерно ќе гостува и во Битола, на 3-ти март во Домот на културата.

Во режија на Харис Пашовиќ, еден од највлијателните драматурзи и режисери во Југоисточна Европа, претставата „Marlene Dietrich – Pet tačaka optužnice“ ја имаше својата меѓународна премиера на италијанскиот фестивал ,,Mittelfest”, а на 3-ти март ќе одржи ексклузивна премиера во Битола, во Дом на културата.

Влезниците ќе бидат во продажба од петок (23-ти февруари) во 9 часот наутро онлајн на ticketx.mk, во продажната мрежа на ticketx низ Македонија и билетарницата на ,,Дом на култура”, по цена од:
600 денари, 700 денари и 900 денари.

Можеби ќе ве интересира: