Во прв ред

Масимо Савиќ после Охрид ќе одржи концерт и во Битола

Авалон продукција вечерва соопшти дека големата хрватска ѕвезда Масимо Савиќ еден ден после концертот во Охрид ќе одржи концерт во Битола.

„Желбата културниот живот ова лето во Битола да биде навистина побогат, Авалон Продукција и Божиновски часовници и накит се потрудија да ја претворат во стварност, па така, најдобриот машки вокал на Балканот, Масимо Савиќ на 15-ти јули ќе настапи во Античкиот театар Хераклеја во Битола. Не постојат поубави и поадекватни простори за концерт од типот на Масимо од античкиот театар Хераклеја и античкиот театар во Охрид, каде Масимо ќе настапи еден ден претходно.“ – стои во соопштението на Авалон продукција

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од овој четврток во 09 часот наутро, онлајн на avalon.mk, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и Југотон, по цена од 500 денари.

Дополнителни продажни места во Битола: Тобако Brothers, TA Атлантис, Центро Трејд, ТА Тео Травел, ТА Бела роза 2, ЈК Травел, кафе бар Портал 2, мезе бар Јагода и мјузик шоп Loudness music.

Масимо доаѓа за прв пат во Битола на open air концерт, во рамки на летната балканска турнеја во која го промовира својот најнов студиски албум, насловен „Sada“. Премиерно во Битола ќе бидат изведени песните од новиот албум, а се разбира и легендарните: „Dodirni me slucajno“, „Stranac u noci“, „Iz jednog pogleda“, „Zagrli me“, „Krug u zitu“, „Sjaj u tami“…

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: