Во прв ред

За почеток на новата концертна година на Авалон: Масимо Савиќ за прв пат во Македонската филхармонија

Нашите соработници, и едни од најголемите професионалци кога станува збор за организација на концерти, веќе надалеку познатите Авалон продукција новата концертна година ќе ја стартуваат со голем концерт на најквалитетниот пејач на Балканот, без конкуренција, Масимо Савиќ кој за прв пат во Македонската филхармонија пред македонската публика ќе се претстави со “The Best Of” програма.

Тој во Скопје, во филхармонија ќе оддржи два ексклузивни концерти на 3-ти и 4-ти февруари 2020-та година.

Публиката ќе има можност да ужива во “best of” програма, каде што Масимо и неговиот супер бенд ќе ги изведат најголемите хитови: “Из једног погледа”, “Странац у ночи”, “Додирни ме случајно”, “Да могу”, “Сузе нам стале на пут”, “Остани ту”, “1000 људи”, “Кладим се на нас”… и уште многу други песни кои ја одбележаа неговата 30 годишна музичка кариера.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда 18-ти декември во 09 часот наутро, по цена од 1.500 денари и ограничена количина на ВИП влезници по цена од 2.000 денари, а истите ќе бидат достапни за купување во Avalon Music & Ticket store во ГТЦ, продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн на avalon.mk.

Од Авалон продукција потенцираат дека се одржуваат само два ексклузивни концерта, а со оглед на тоа дека концертите на Масимо секогаш се распродаваат за брзо време, тие уште одсега ви советуваат да си набавите влезници навреме, односно, од среда наутро.

Колку за потсетување, Масимо Савиќ исто така во организација на Авалон продукција на 18-ти февруари 2017-та оддржа неколку емотивно инзвонредни концерти во Македонската опера и балет, а како тоа тогаш изгледаше, погледнете од видеото подолу:

Можеби ќе ве интересира: