Во прв ред

Берово домаќин на првиот фестивал за хаус и техно музика “Mayday Festival” (Фото)

На 14-ти мај всабота, Берово ќе биде домаќин на првиот фестивал на хаус и техно музика “Mayday Festival”. Како што велат организаторите, на овој прв фестивал од ваков тип, ќе настапат голем број на познати DJ-и како од Балканот, така и од регионот.Воедно целта на овој фестивал е да се збогати културната понуда од регионот, да се подигне урбаниот дух и да се доближат светски музички тенденции во регионот, додаваат организаторите на овој прв фестивал за хаус и техно музика во Македонија.

“Изборот за одржување на фестивалот, на средината од пролетта е направен по никаков начин да не пречи на вообичаениот празничен дух, а притоа да создаде уникатна забавна традиција во регионот. Причината за организирање на овој фестивал е тоа што во последните неколку години се чувствува силна глад кај младите за музички настан од овој ранг. “Mayday Festival” уште од почетокот работи на создавање на сопствен идентитет, за да најде свое место на календарот кај вистинските љубители на хаус и техно музиката. “Mayday Festival” ќе се развива како фестивал во кој се е исклучително добро премислено”, истакна Марин Демировски. Фестивалот има целосен концепт на ликот, сцената, осветлувањето, шоу програмата и звукот, кој што го прави целосниот пакет на овој настан кој ќе се одржи на отворена сцена.

Mayday festival_programaНа првата едиција од “Mayday Festival” со свој перформанси ќе настапат Феки Фарс, Борче Панов и како главна ѕвезда ќе настапи Марко Настиќ од Србија. Локална поддршка на настанот се Сене и Дидо. Граѓаните од регионот, па и пошироко ќе имаат можност да ги слушнат најдобрите диџеј сетови, а се очекува голем број на посетители”, додаде Демировски. Фестивалот ќе се одржи на 14-ти мај со почеток од 21 часот, а организатор е Фондацијата Бизнис инкубатор од Берово, а средствата се обезбедени преку Програма за поддршка на НВО секторот од Владата на РМ.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: