Маж во тешка состојба ќе се грее оваа зима, клубот Лајонс од Скопје “поддаде рака”, и несебична помош

Она по што некои луѓе наголемо се разликуваат од другите е нивната желба и амбиција колку што можат да им помогнат на луѓето во неволја, и да ја оправдаат старата мудрост дека не помага (само) тој што има и што може, помага тој што сака!. Секогаш ќе најде начин како да помогне.
На само неколку дена откако беше испратен С.О.С. за својата тешка состојба во која западнал, над 50 годишен наш сограѓанин од едно гратче, немајќи средства да обезбеди огрев за зимоска, како и доволно храна, во пресрет излезе “Лајонс клуб” од Скопје, заедно со своите спонзори “Мотоцентар- Рамне”, “АБГ” и “Изолација”. Тие обезбедија огрев за цела зима.

За да му укаже целосна поддрша “Лајонс клуб Скопје”, денес го посети нашиот сограѓанин во неговиот дом и освен донација со храна му влеаја и надеж за живот и полесно справување со наталожените животни проблеми. Овој над 50 годишен маж живее сам и во очај, откако одамна останал без сопругата и без родителите. Живее сам со страв како ќе го помине секој следен ден, со социјалната помош која е околу 3.000 денари, а за работа веќе не е способен. Ситуцијата му е сложена и комплицирана и на неа се надоврзуваат, и некои негови хронични состојби и болести, за кои е хумано да добие соодветен третман што поскоро.

Организацијата “Лајонси”, која често организира конкретни акции, во своите редови имаа и врвни доктори и докторки, признати на државно и интернационално ниво, кои сосема точно проценуваат каде е потребна емпатија, помош и поддршка со цел и помош и социјализација. За немоќта на одреден човек да не стане опасност и за него и околината.

За брзата хумана акција пишуваме накратко, но пораката мора да се огласи пошироко. Таму каде што државата не доддава рака колку што треба, секој треба колку што миже да помогне на својот сосед, роднина, пријател во неволја, зошто никој не заслужува да преспие во ладно, да го вие студ во коски, да му се лепат цревата од глад и да се чувствува очаен и немоќен, како сам среде пустина. На некој има повеќе отколку што му треба и само со малку помош на друг ќе му помогне повеќе отколку што очекува. Грижата за луѓето кои немаат топол дом и скромна трпеза, мора да биде посеопфатна брза и хумана.

Автор на текстот: Валентина Ѓоргиевска-Парго

Повеќе на Музика24...