Во прв ред

Милица Тодоровиќ го преполни прилепскиот клуб Calypso (Фото)

Како што пишувавме пред само некој ден, балканската Бритни Спиарс вчера вечер го одржа својот надалеку најавуван концерт во еден од најдобрите и најпознати клубови во Прилеп, клубот Calypso. И како што најавуваа организаторите, така и би. Клубот беше преполн, дури се бараше карта повеќе да се влезе и да се биде дел од големата забава и концерт на познатата Милица Тодоровиќ, која рака на срце, не ги разочара ниту присутните, ниту пак нашата екипа која што беше позитивно коментирана од неа и нејзиниот менаџер за нашиот претходен текст, читај: Вечерва српската Бритни Спиарс ќе го “запали” Calypso во Прилеп, а истиот беше споделен на нејзината официјална фејсбук фан страница.

Milica Todorovic_Marinela Muzika24

А публиката презадоволна во еден здив заедно со неа ги пееше сите нејзини хитови кои ред по ред се редеа, а некои од нив по барање на публиката беа отпеани дури и по два пати. И освен нејзините препознатливи песни, Милица отпеа и песни и од Северина, Лепа Брена, Цеца… и многу други познати балкански музички имиња. Забавата не престана, а младите вечерта ја продолжија во ноќниот клуб VIP.

Milica Todorovic_zabava pp

Calypso на големо се подготвува за своите гости кои на престојниот “Пивофест” ќе бидат во навистина голем број и по тој повод екипата на овој реномиран клуб Ве очекува да ги пробате разно-разните коктели, овошни шејкови како и разните други и слични пијалоци.

Текстот го подготвија: Маринела Каранфилоска и Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: