Вчеравечер Кадмо во Охрид беше вистинското место за вистинска, луда и незаборавна летна забава. Секако, на 40-на степени што друго би правеле во туристичко место и на плажа. Милица Тодоровиќ која ја препознаваме по големиот хит “Моје злато” ги забавуваше охриѓани и сите оние кои вчеравечер беа дел од нејзиниот настап во летната дискотека Кадмо.
“Три чаше”, “Нема назад”, “Памтим ја”, “Са било ким”, одличната балада “Коначна одлука”… беа дел од многуте хитови кои оваа српска поп пејачка ги има зад себе, а вчеравечер ги отпеа пред многуилјадната публика. Освен тоа, таа пееше и познати балкански и екс-ју хитови. Најголемата еуфорија публиката ја имаше кога ја слушна препознатливата и хитовска “Моје злато” која мора да признаеме и после толку време сеуште е голем хит. Милица Тодоровиќ се уште е во Македонија. Таа денес 30-ти јули четврток ќе има настап на Градскиот базен “Exit” во Валандово, а утре настап ќе има во летната дискотека “Aqua” во Кочани.
Вчеравечер присутните уживаа во настапот на неповторливата Милица, а Кадмо не застанува тука, тие веќе во недела подготвуваат одлична забава со уште поодличниот Аца Лукас. Доколку сте на летување во Охрид или пак доколку можете да си дозволите продолжен викенд, знаете кое е вистинското место за одлична забава.
Во продолжение, погледнете го ексклузивното видео од нејзиниот настап.
Од Охрид за Музика24: Марија Поповска