Во прв ред

Минатогодишните победници на “Јелен Демо Фест” објавуваат “The Best Off”

Чест и задоволство ни е да Ве информираме дека специјализираниот македонски музички портал Музика24 исто како и минатата, и оваа година ќе биде единствениот македонски музички медиум кој ќе стои зад наголемиот регионален фестивал за демо бендови “Јелен Демо Фест”. Од таму не известуваат дека минатогодишниот победник, актуелниот словенечки состав “Хулахоп” кон крајот на месец март ќе го објават својот прв албум кои го добија како награда за одличната свирка и оргиналниот настап токму на “Јелен Демо Фест”.

“Пред излегување сме на нашиот прв албум. Имаме снимено буквално се, така сега на ред се миксот и мастерингот, а инаку за се е задолжен Анеј Кочевар од студиото “Sick Bastard”. Сега не чека многу работа околу издавањето на ЦД-то, како и околу дизајнот кој ќе биде посебен – во наш стил. Минатиот викенд имавме фото снимање и верувам дека ќе имаме одлични промо фотографии кои ќе бидат достапни веќе од следната недела”, вели Анже Бурја тапанар во бендот, кој додава дека со душа ја чека промоцијата на албумот кој би требало да се случи во Љубљана.

Иако станува збор за прв официјален албум, истиот носи симпатично име “The Best Of” на кој ќе бидат сместени 10 песни.

“Мислиме дека името е интересно, но не само тоа. Сите песни кои ги свириме, всушност, се најдобрите од оние кои досега сме ги работеле, па од таму и изборот на името на нашиот прв албум”, појаснува Бурја. Иако секоја песна содржи елемнти на разни жанрови, сепак сите песни ги поврзува токму нивната музика, оној типичен звук – хард поп фанк. Дека својата музичка мисија тие ја имаат сфатено сериозно, говори и податокот дека истовремено се ангажирани и околу промо матријалот и организирање на промотивни концерти во разни клубови и фестивали во родната Словенија. Мегудругото, откриваат и дека имаат голема желба да настапат на фестивалите ширум поранешна Југославија, но пред тоа, ги очекува снимање на видео спот во продукција на MTV, награда која што исто така ја освоија за првото место на минатогодишниот “Јелен Демо Фест”.

“Поради сето претходно споменато, видео спотот го оставивме на страна, односно, истиот ќе биде снимен веднаш по излегувањето на албумот. Околу тие детали треба да се договориме со организаторите на “Јелен Демо Фест” и MTV”, истакна Бурја. Воедно и нагласува дека многу им значи наградата која што ја добија минатата година на наголемиот регионален фестивал за демо бендови, бидејќи подолго време сакале да издадат албум, асега нивниот сон е на чекор до остварувањето.

“Наградата навистина ни помогна, бидејќи сакавме квалитетен производ, кои луѓето, ќе го запаметат. Тоа значи и многу повеќе трошоци, му се заблагодаруваме премногу на наголемиот регионален фестивал за демо бендови “Јелен Демо Фест” за оваа награда”, задоволно вели Бурја истакнувајќи дека Демофест е најголемиот и најдобриот организиран фестивал на млади бендови од сите оние кои до сега имале можност да ги посетат.

Организаторите на “Јелен Демо Фест” Ве потсетуваат дека во тек е конкурсот за осмиот по ред фестивал на кој сите заинтересирани демо бендови можат да аплицираат преку официјалниот сајт на фестивалот: www.demofest.org, а електронската пријава која е потребно детално да ја пополните и секако испратите се наоѓа во категоријата Фестивал/Натпреварувачи (Festival/Takmicari). Веднаш по завршениот конкурс, стручното жири ќе одбере 30 бендови кои ќе имаат прилика да настапат пред публиката на една од двете квалификациони вечери. Напоменуваме, конкурсот ќе биде отворен до 1-ви април, а резултатите ќе бидат објавени во текот на месец јуни, кога ќе бидат познати на јавноста и имиеата од стручното жири.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: