Во прв ред

Мирослав Илиќ на македонски го најавува големиот концерт во Скопје (Видео)

Веќе Ве информиравме дека познатиот балкански мега популарен пејач Мирослав Илиќ заедно со помладиот, исто така надалеку познат српски пејач Адил Максутовиќ,  на 29-ти ноември доаѓаат во Скопје каде ќе одржат голем музички спектакал. Интересното во сето ова е што неодамна беше пуштена реклама за концертот на кој што веќе докажаниот Мирослав Илиќ говори на македонски јазик. Знајќи дека во Скопје студирал на Електро-техничкиот факултет и извесен период дури и живеел во нашиот главен град со сопругата Гордана, не е ни чудо што одлично го владее македонскиот.

По неколку години пауза, Илиќ повторно доаѓа во Скопје, но овој пат со неговиот помлад колега, а доколку и Вие сакате да бидете дел од ова музичко случување, следете го нашиот музички портал, бидејќи наскоро следуваат мнооогу информации поврзани со истиот. А во продолжение, погледнете ја рекламата со која познатиот легендарен пејач го најавува својот концерт.

Подготви: Магдалена Атансовска

Можеби ќе ве интересира: