“МКЦ за Скопје” е новиот проект на Младинскиот Културен Центар од Скопје со кој ќе се одбележат 52 години од катастрофалниот земјотрес кој го погоди главниот град. Многу музика, филм и изложби ќе проследат сите заинтересирани за овој настан. За 20 часот на 26-ти јули е закажан стартот кој ќе започне со поставена изложба на младиот македонски уметник Иван Петрушевски – Флим, со наслов “Херои и нули”, потоа ќе следи проекцијата на документарниот филм за култните Леб и сол “Каша”, во режија на Дарко Марковиќ. Вечерта ќе ја затворат групите Sethstat & Мирко Попов, Khara и Сусијат со свои концертни настапи.
Подготви: Синиша Новевски