Во прв ред

Многу музички ѕвезди оваа година на „Охрид фест“

Реномираниот македонски музички фестивал „Охрид фест“ оваа година по 29-ти пат ќе се одржи и тоа на 2-ри и 3-ти септември на местото наречено Долни сарај. Фестивалот започнува со фолк вечер, а втората фестивалска вечер ќе биде интернационална.

“На 2-ри септември, на сцената на Долни Сарај во Охрид, во Фолк вечер ќе настапи домашната фолк елита, свое шоу ќе има популарниот пејач од Србија – Мирослав Илиќ, а во втората фестивалска ноќ на 3-ти септември ќе видиме многу атрактивни музички имиња од Балканот”, истакна директорот на фестивалот, григор копров.

На интернационалната вечер се најавени настапите на балкансите ѕвезди Кики Лесендриќ („Пилоти“), Златко Пејаковиќ, Владо Калембер, Ален Исламовиќ, Гарабет Тавитјан, Јурица Паѓан („Парни ваљак“), Теди Грубица, Божидар Волф, Инес Ербус и Давид Амаро, дуото „Expose“, од Бугарија, Рина Рамадани од Албанија и Толис Дамјанос од Грција.

Водители на фестивалот ќе бидат Каролина Петковска во Фолк вечерта, додека пак Маријана Станојковска и Васил Зафирчев во Интернационалната вечер. Фестивалот директно ќе го пренесува МРТВ, а преносот ќе го емитуваат над 10 други телевизии од Балканот.

Овогодинешни лауерати за промоцијата на музиката на Балканот се Мирослав Илиќ и Гарабет Тавитјан.

Можеби ќе ве интересира: