Објавен датумот за Music Awards Ceremony 2020

Второто издание наMusic Awards Ceremony,  MAC 2020, ќе се одржи на 27 јануари, известуваат организаторите “Skymusic“. Настанот на годината во музичкиот свет и овој пат ќе се одржи во “Штарк“ арена. Првото издание на MAC го проследи публика од 15.000.

Новост оваа година е тоа што на церемонијата оваа година покрај Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска и Северна Македонија се приклучува и Словенија.

Тоа значи дека и словенечките изведувачи и бендови ќе се најдат на листата на номинирани, а се подразбира и дека најпознатите словенечки артисти ќе настапат во ревијалниот дел на MAC. Освен тоа директен пренос од MAC ќе има и словенечка телевизија како и на телевизиите од другите земји учесници.

Она што го издвојува MAC од останатите музички манифестации е фактот дека “го спојува неспоивото“, па така оваа година на MAC ќе слушнете како поп музика, така и рок, хип-хоп, народна музика и трап.

MAC стана регионално познат по својот автентичен визуелен идентите кој нема да изостане и овој пат.

Се уште не е познато кои музички ѕвезди ќе имаат настапи оваа година, но судејќи по претходната, едно е сигурно – на оваа манифестација настапуваат само најдобрите.

Организаторите најавуваат дека Music Awards Ceremony и овој пат ќе има хуманитарен карактер и ќе биде реализиран во соработка со CEBEF.

Подготви: Филип Етмишовски

Повеќе на Музика24...