Смеата и забавата беше единственото мото на кој по повод 1 април учениците од музичкото школо “Игор Димовски” оддржаа целовечерен концерт под маски. Како што и доликува, почетокот беше најавен со мошне интересна шега каде за момент се згаснаа сите светла каде во духот на 1 април го започнаа концертот.
Како специјализиран музички портал имавме можност да уживаме во разноврсните жанрови каде се вброија многу голем број на инструменти како виолината, хармониката, гитарата, пианото и ударните инструменти.
Освен што имаа за задача да покажат што научиле во самото музичко школо, секој одделно ја засмејуваше публиката со по некоја шега, во однос на програмата таа се состоеше од неколку блока:
БЛОК 1
- Стефан Коцевски – рок ен рол – пијано
- Леонтина Киранџиска – фармата на стариот Мекдоналд и здраво цвекенце – пијано
- Ферузе Асанова – темата од Титаник – пијано
- Михаела Тодорова – Индијанска борбена – пијано
- Ања Митрева – Етида и рок ен рол – пијано
- Ангела – Моме стои на пенџери – пијано
БЛОК 2
- Стефан Мукоски – алегрето – виолина
- Ивана Јанковик – твинкл твинкл – виолина
- Михаил Стојановски – патрикс рил – виолина
- Срна Бошкова – Autumn Leaves – виолина
- Далибор Стојановски – Етида – виолина
- Јована Георгиевска – Веселиот Ханс и фармата на стариот Мек Доналд – пијано
БЛОК 3
- Марко Станчевски – Вариации на ритмови – Ударни инструменти
- Шаин Амети – Ритам во седум осмина – Ударни инструменти
- Дамјан Мијаковски и Марија Димитрова – Ривер Сонг – гитари
- Марко Михајловски – Криво Крувче – Синтисајзер
- Стојче Кузмановски и Никола Стефковски – Твојте очи Лено мори
- Габриел Ристоски – Чупурлика – Македонски тапан
БЛОК 4
- Анастасија Гореска- Матео Каркаси – гитара
- Група Крушевски локуми (Петар-Никола-Марко)
- Ферузе и Михаела (Играње хип хоп)
- Стефан Николовски – Кочово оро – Хармоника
- Владимир Цветаноски – Чачак – Хаморника
Иако публиката очекуваше музички изведби од учениците пред самиот крај се претставија и две млади професионални танчерки кој ја воодушевија со нивниот перформанс.
Со ова може да се потврди и самата пожртвуваност на професорот Игор Димовски кој несебично за заблагодари и на своите колешки по виолина.
Подготви: Редакција Музика24