Во прв ред

Музичкото радио Канал 103 ја најавува својата целовечерна роденденска прослава

Официјално илегално, квалитетно проветрено и полно со ентузијазам, музичкото радио Канал 103 ја најавува својата целовечерна роденденска прослава. Во петок, 1-ви октомври, од 18 часот на платото на МКЦ. Во духот на програмската ориентација на радиото кое ја поддржува и промовира храбрата и независна музичка сцена, богатото фестивалското мени содржи жанровски разновидна понуда со строго контролирано органско потекло.

Настапуваат: LELEE (Словенија), Shock Troopers, Перија, Светлост, Тодор Караколев, Lufthansa и Blaž (Словенија). Фестивалот ќе започне со промоција на „Момент документ“, фото-монографија на Зденко Петровски во издание на МКЦ, проследено со придружна изложба на негови фотографии. По интимниот концерт на Крсте Роџевски во Куршумли Ан и редовните „103 средби низ музика“ во клубот Ла Кања, со овој фестивал се заокружува одбележувањето на големиот јубилеј – 30 години Канал 103. Борбата продолжува.

Билетите во строго ограничен број се достапни на билетарницата на МКЦ и на следниот линк. Настанот ќе се реализира согласно актуелните протоколи за организирање настани на отворено.
Поддржано од Министерството за култура и МКЦ.

Можеби ќе ве интересира: