Во прв ред

Музика24 оди на заслужен летен одмор, се враќаме на 4-ти август

Специјализираниот македонски музички портал Музика24 од денес 25-ти јули заминува на заслужен летен одмор, мислиме дека тоа го заслужуваме. Повторно со Вас сме од 4-ти август од кога повторно ќе започнеме со секојдневна работа и нормално фукционирање, како и досега. Во меѓувреме читајте ги нашите старо-нови интервјуа и информации, како и се она што мислите дека Ви се допаѓа и дека е интересно за Вас на нашиот музички портал.

Од септември Ви најавуваме многу новитети поврзани со Музика24. Нови рубрики, старо-нови нешта кои досега не сте имале можност да ги видите… Освен читање музика, од септември ќе можете и да слушате музика, а Ви подготвуваме и уште едно интересно изненадување кое иако ќе го носи името на нашиот музички бренд, сепак ќе биде нешто сосема ново и поинакво, а сето тоа го подготуваме само за Вас. До нашето враќење од одмор, имајте убави денови, убаво лето, ако се одморате нека Ви биде убаво, незаборавно и како никогаш досега.

Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: