Во прв ред

На 15-ти декември стартуваат концертите на 5+ Бенд (Видео)

Од 15-ти декември 5+ Бендот ви најавува голем број на концерти, а првиот од нив ќе се случи во Македонскиот Народен Театар. Како што велат од продукцијата која што го работи овој голем тв проект, музичката група 5+ Бенд ја сочинуваат омилените ликови од најгледаната детска телевизиска серија “5+ Фамилија”, која што се емитува на Tелевизија Телма. Песните кои се наоѓаат на репертоарот на 5+ Бенд се внимателно одбрани, со цел да се оддаде почит на дел од најважните македонски поп-рок евергрини, на некои регионални хитови, како и на интернационални песни кои оставиле белег на многу генерации. Мисијата на 5+ Бенд е истите да ги “рециклира”, за и новите генерации да уживаат во среќните ноти на некои од најпрекрасните песни.

Pet plus bend_PosterСе пее рок, поп, народно… во основа се пее се што е убаво и ги радува ушите. Малку познат факт е дека покрај свирачи и пејачи, членовите на 5+ Бенд се и танчери и акробати и сонувачи и актери и што ли уште не! Ова претставува прво шоу во живо на 5+ Бенд, група чии песни на YouTube се прегледани неколку милиони пати и претставува прва можност на сцена да се видат Петко, Лина, Цветко, Комшо, Марија, Ана, Дедо Менде и Тетка Душка.

На националната телевизија Телма во тек е втората сезона од играната серија чиј главен лик е Петко, најпопуларниот детски ТВ карактер кој речиси 10 години ги забавува децата и ги учи на вистинските вредности.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: