Во прв ред

На 15-ти мај во Битола “Hey Bobby Marley!” – фестивал на реге,ska и jungle музика

Во организација на Здружението за култура и уметност “Machina” од Битола, по четврти пат, четврта година по ред ќе се одржи фестивалот на музика со позитивни вибрации “Hey Bobby Marley!”. Четврта година каде четиринаесет часа младите ќе слават и ќе го прослават овој фестивал во топлото сонце и ладното пиво. Организаторите велат дека оваа година учесниците кои се во голем број ќе презентираат реге, ска и џангл музика. Тие велат:

“Бујрум на претпладневно дружење, afterwork, ноќно журкање или за најхрабрите (нам омилените) целодневен провод на 15-ти мај (петок) со почеток од 12 часот”.

Доколку сте авантуриста, слободни, сакате дружење и забава и секако патот ве носи накај Битола, тогаш ова е вистинска понуда за вас. Наскоро детали за овој настан. Музика24 медиумски го подржува овој музички настан.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: