Во прв ред

На 18-ти септември на Матка ќе се оддржи “FoodTalk 2015”

Во организација на Color Press Group, групацијата која што ги издава познатите списанија за храна и кулинарство: “Бабина кујна”, “Испрати рецепт”, “Торти и колачи”, “Лековити билки”, а под нивна закрила е и порталот “Убавина и здравје”, на 18-ти септември во ресторанот “Матка” ќе се оддржи конференцијата за храна “FoodTalk 2015”.

На ова целодневно дружење со познати готвачи, сопственици и шефови на ресторани, нутриционисти, медицински лица, како и амбасадори во Република Македонија од европските земји, сите оние кои се заинтересирани и сакаат да научат нешто повеќе за и околу храната, приготвувањето, како и нејзиното декорирање и послужување, никогаш не е доцна за да го сторат истото.

На “FoodTalk 2015”, освен панелите на кои ќе се разговара на разно-разни теми поврзани со здравата исхрана како и начинот на приготвување, познати македонски селебрити имиња ќе готват за присутните посетители, ќе се прикаже и покаже како и на кој начин се послужува и дегустира вино, а можеби најинтересен дел од целиот настан ќе биде готвењето на амбасадорите кои се во Република Македонија, а ги претставуваат европските земји, од кои што и ни доаѓаат.

Да не заборавиме, како што истакнаа организаторите, специјален гостин на “FoodTalk 2015” ќе биде познатиот хрватски водител Оливер Млакар кој веруваме сите го паметите по одличната и можеби најгледната кулинарска тв емисија на сите времиња “Малих тајне великих мајстора кухиње”.

Веруваме и воопшто не се сомневаме дека потикнавме заинтересираност кај сите Вас за настанот кој ќе се случи на 18-ти септември, а од кој сите ние ќе има и што да научиме и секако што да дознаеме, а досега не сме го знаеле и практикувале во секојдневието. За повеќе информации во врска со овој настан кликнете на следниот линк: “FoodTalk 2015”.

*Музика24 е медија партнер на “FoodTalk 2015”

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: