Во организација на MOKO Solution на 21-ви август со почеток во 21 часот на Градскиот стадион во Несебар, ќе се оддржи голем спектакуларен концерт на познатата балканска фолк дива Светлана Цеца Ражњатовиќ, чии гости на концертот ќе бидат познати мега популарни бугарски пејачки од Пајнер продукција.
Како што е веќе најавено, концертот неофицијално започнува во 19 часот со настап на познатите пејачки од Пајнер, Преслава и Галена кои ќе имаат едночасовен настап, а како што ексклузивно дознава специјализираниот македонски музички портал Музика24, на сцената ќе се појави и популарната Анелија која дополнително ќе се обиде да ја поткрене публиката и расположението да го доведе до максимум, се до појавување на сцената на балканската мега популарна Светлана Цеца Ражњатовиќ. Цеца заедно со своите гостинки од Бугарија, ќе се потрудат да направат совршен концерт кој долго време ќе се памети и за кој навистина многу ќе се зборува.
Инаку, овој концерт кој што Цеца ќе го оддржи во Несебар, е дел од многуте концерти кои се дел од турнејата наречена “Позив”, каде таа освен добрите стари хитови, ќе ги отпее и веќе добро познатите песни од нејзиниот последен албум: “Да раскинем са њом”, “Добро сам прошла”, “Турбулентно”, “Позив”, “5 минута”… и многу други, за Вас веќе добро познати хитови.
Сите Вие кои сте големи фанови на големата, единствена и неповторлива Цеца, сите Вие кои сакате да бидете дел од овој голем концерт, или пак токму тој дел од летото ќе летувате во одличниот и прекрасен туристички центар Несебар, имате единствена привилегија за одлично помината вечер, да бидете дел од големиот спектакуларен концерт на балканската дива и само за 30 или 50 лева, односно 15 или 25 евра да уживате во тричасовен концерт исполнет со многу хитови и емоции.
Специјализираниот македонски музички портал Музика24 е единствениот македонски медиум кој е акредитиран и кој ќе има ексклузивна можност за да го проследи концертот, а истовремено да направи и подготви интервјуа со музичките имиња кои се дел од истиот, како и со главната ѕвезда на вечерта.
Подготви: Марија Поповска